Напад врз полицаец во Кочани и физичко насилство во еден ден

Вчера во Кочани на улица „Теодосија Паунов“ полициски службеник дал знак за запирање на мотоцикл на кој се возеле две лица, но возачот не застанал, го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Во Кочани вчера во полицискиот билтен е забележано дека 32годишен кочанчанец со иницијали А.М. вчера попладне во близина на спортската сала во Кочани бил физички нападнат од Б.С. од Кочани. По комплетирање на случајот против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.