
Земјоделците од овчеполието вчера одржаа средба со министерот за земјоделие Трипуновски со цел соочување и решавање на проблемите со наводнување на земјоделските површини. Од следната година новата влада ветува дека сите земјоделски површини на територија на нашата држава навремено ќе бидат снабдени со вода, а сите дефекти и штети кои со години наназад се трупале и не биле санирани, за време на зимскиот период ќе се санираат се со цел граѓаните навремено да ја започнат наводителната сезона.
„Денеска сум овде на средба со земјоделците за соочување, јас утрово одржав состанок и добив ветување дека овие неправилности и нивни пропусти ќе се поправат се со цел да ја пребродиме ова сезона и да ги задоволиме земјоделците со навремена и доволна количина на вода за наводнување. Она што на овој состанок ќе биде е практично заклучоците, дека вакви работи од идната година нема да се случуваат затоа што ние од првиот ден работиме на реорганизација на водостопанство и обезбедување на доволно финансии за наредната година да почнеме подготвено.“ – изјави Трипуновски
Другата тема на која се разговараше на средбата е за откупот на јачменот и пченицата. Генерално на ниво на државата ќе се бара решение за прифатлива цена која што ќе биде во корист на земјоделците. Периодов сите земјоделски површини се соочуваат со голем проблем кој сигурно предизвикува одредени штети, но во овчеполието има голем недостаток на вода, додава Трипуновски
„Во кочанскиот регион можеби задоцни водата, да биде жетвата во неоптимален рок, можеби беше на крајот на оптималниот рок, меѓутоа со одредени пропусти во тие делови ситуацијата беше поприфатлива за разлика од делот на овчеполието каде што имаме сериозни недостатоци на вода. Гледам дека од утрото стигаат и во оние делови во кои не беа покриени, но сигурно ќе има одредени штети.“ – додава Трипуновски
Дециден дека во министерството има празна каса, разнишани институции кои досега не работеле според правилата и нефункционални системи. Истакна дека тоа што го затекнал во министерството е хаос, а во наредниот период ќе обезбедат земјоделците да бидат задоволни.
Лаура Стојанова, М-Нет