
Општина Пехчево, формира мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица во Општината, па така секој граѓанин кој има потреба од набавка на лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик од инфицирање со коронавирус, ќе може телефонски да ги контактираат тимовите, секој работен ден од 08,00 до 18,00 ч. на следниот телефонски број:
078/447-300 – Ванчо Бучевски
Додека, во период од 07:30 часот до 15:30 часот на пехчевчани им стои на располагање за поддршка и на телефонскиот број на општината 033/441-321.
Општина Пехчево апелира до сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, да се јават на броеви:
Ало докторе 02 15 123;
Центар за јавно здравје Кочани 071 373 913.