
Градот Кавадарци беше домаќин и организатор на Државното карате првенство на Македонија за деца. Покрај останатите на првенството под раководство на тренерот Сашко Патраклиев настапија и каратистите на Македонка кои едноставно по двегодишна пауза поради пандемијата покажаа и докажаа како се бранат боите на клубот.
Од седуммина натпреварувачи младите штипјани освоија 5 медали и тоа: Клаудио Јанковски освои прво место и златен медал, втори места и сребрени медали во своите категории освоија : Нукола Митев, Ана Иванова и Симона Панева додека пак трето место освои Мартин Тодоров. На првенството настапија уште и Божјидар Зафиров и Лука Митревски кои прикажаа добри борби.
Драги Герасимов – Пушка Mnet