
Младите се повеќе и повеќе го сакаат шахот, интересот станува се поголем, а тоа предизвикува да се формираат шаховски клубови и во градови каде досега немало.
Донче Јорданов кој е секретар на шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип вели дека интересот кај младите е голем, а тоа се должи и на интернетот со што младите може многу да учат многу за овој спорт. Како што вели Јорданов за М Нет телевизија, кој воедно е и највозрасниот член во штипскиот клуб интересот прави да се формираат клубови и во места каде досега немало шаховски клубови.
„Младите сега повеќе го сакаат шахот бидејќи имаат подобар пристап на интернет да гледаат партии и да се заинтересираат. Инаку не е мал бројот на клубови, некаде 30-тина клубови од Македонија има регистрирано во шаховската федерација и се повеќе и повеќе се јавуваат нови клубови во градовите каде што не постојат клубови“, вели Јорданов за М Нет.
Штипскиот клуб за таа цел има и своја шаховска школа, која со работа ќе започне со почеток на новата учебна година, а младите од Штип имаа можност да се усовршат и да научат многу повеќе бидејќи шаховскиот клуб Нов Напредок има и свои простории каде членовите може да одиграат пријателски натпревар, да споделат искуство и знаење, а во насока на подобрување на резултатите на клубот во иднина.
Како што веќе објави М Нет телевизија шаховскиот клуб Нов Напредок го освои високото четврто место во Првата лига на Македонија, што е голем резултат, бидејќи пред штипскиот клуб се големи клубови со голема традиција како шампионот Алкалоид кој ја освои 27. титула, потоа Мулти Есенс, кој беше втор и Гамбит Ассеко кој заврши на третото место.
Како што вели Јорданов за М Нет телевизија овие резултати се причина повеќе во иднина за подобри резултати, но притоа и потврда дека шахот го привлекува вниманието кај многу млади кои сакаат да бидат дел од истиот, а искусни натпреварувачи како Јорданов се секогаш тука да го споделат своето искуство и знаење кон младите.
Дека има интерес за шахот во Штип е потврда младиот шаховски талент Лукијан Тенев кој е најмладиот член на Нов Напредок, за што веќе претходно информираше М Нет телевизија за младиот Тенев кој има голема желба за шахот, а формирањето на клубови низ Македонија е потврда дека и низ другите градови во нашата држава има млади таленти како Тенев.
Александар Ванев, М-Нет