Мицкоски разговарал со Рубио: Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес

Премиерот Христијан Мицкоски извести дека во Њујорк имал разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“, напиша Мицкоски.

Текстот Мицкоски разговарал со Рубио: Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес е превземен од МАКФАКС.