Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски.
„Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам.
Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум светот. Напред кон нови успеси, Иџе!“, порача Мицкоски
Текстот Мицкоски на промоцијата на новиот тркачки болид на Иџе: Македонското знаме да продолжи гордо да се вее на победничките подиуми низ светот е превземен од МАКФАКС.