Мицкоски: Македонија се движи напред во борбата против високата корупција

Македонија се движи напред во борбата против високата корупција, премиерот Мицкоски дециден дека државата оди кон систем што функционира. Според него, кога ја презеле власта, државата била преплавена со мрежи на злоупотреби, а правосудството функционирало селективно, служејќи само на интересите на моќните. Сепак, како што истакнува, со големите напори што се вложени, Македонија сега добила прва потврда и од меѓународната заедница дека државата започнала да се движи кон систем кој функционира

,,Кога ја презедовме одговронта да ја водиме државата ,најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби и системска корупција. Корупцијата не беше само појава, беше правило, а правдата беше селективна. Владата беше моќ на интереси, а тоа беше целата слика што ја населдивме. Затоа една од првите и најрешителни борби што ја започнавме беше борбата токму против високата корупција. Во таа борба денес имаме и прва поголема потврда и од мегународната заедница. По години на институционален мрак, сега имаме сигнал дека Македонија се движи напред кон систем што функционира.“, рече Мицкоски

Прв пат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата, додава премиерот Мицкоски. Рече дека тоа им дава поттик, но уште повеќе и одговорност.

,,Прв пат по долго време, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата. Тоа ни дава поттик, но уште повеќе носи одгворност. Борбата против корупцијата не е декларација, туку системска промена што сега добива и меѓународна потврда. Нашата стратегија е јасна градење на сигурна држава со фукционални институции, професионална полиција и отпорно општество.“, додава Мицкоски

Мицкоски потенцираше во државата се вложува со сериозност. Дополнително истакна дека стабилна, сигурна и праведна Македонија не се добива со зборови, туку со дела.

Иван Митев, М-Нет