
Чекањето на шалтер станува минато. Од денес, изводите од матичните книги на родени, венчани и починати, како и потврдата за слободна брачна состојба, граѓаните ќе ги добиваат дигитално, без физичко присуство, преку државниот портал uslugi.gov.mk. Според Министерството за дигитална трансформација, ова ќе значи поголема ефикасност и подобра контрола на роковите за издавање на документите.
„Што се однесува до услугите од Управата за водење матични книги од денес и тие се целосно мигрирани на националниот портал uslugi.gov.mk што ќе го забрза нивното користење и се целосно дигитални, за разлика од претходно. Тоа значи дека извод од матична книга на родени, од матична книга на венчани, умрени и новата услуга потврда за слободна брачна состојба од денеска се целосно достапни на порталот и со неколку клика граѓаните можат да ги добијат и тие услуги. Тоа ќе значи поголема ефикасност на Управата за водење матични книги и поголема контрола од нас како ресорно Министерство на темпото на издавање на овие документи“, рече министерот Андоновски.
Но, од друга страна за граѓаните кои сакаат да ги добиваат овие документи хариено, ќе можат да го порават тоа повторно во пракса
Сепак министерот Андоновски останува дециден дека бројот на онлајн корисници е зголемен, а тоа покажува дека граѓаните сакаат да ги користат електронските услоги, ако тие им ја завршат нивната отреба. Наместо да чекаат на шалтер, од сега сите ќе можат од дома да ги извадат потребните документи.
Иван Митев, М-Нет