
Штипски Мал Ајакс во рамки на 18. коло од Втората футсал лига гостуваше во Струга каде претрпе голем пораз од екипата на Енхалон со резултат од 8:4. За домашниот тим Мишо Ѓорѓиески беше стрелец на четири гола, Дејан Милошески постигна два гола, а по еден гол запишаа Тони Прќакоски и Игор Скепаровски. За штипјани стрелци беа Давид Тошевски во првиот дел, а во вториот дел погодија Дарко Димитровски, Дејвид Стојов и Сердар Синанов во финишот на мечот.
Конзули од Битола овој пат како домаќин играше во Демир Капија, откако претходно како домаќин играше и во Демир Хисар. „Фенерџијата“ од Битола забележа нов висок пораз овој пат од Партизан Југ од Брвеница со резултат од 3:7.
ССК Нова на домашен терен претрпе висок пораз од лидерот Проект кој беше сигурен со резултат од 3:11, Балкан со 10:4 го доби СЕЕ Университи, а пак Кратово дома загуби од Каршиака со тесни 6:7.
Јувентус Серава во оваа коло одмараше бидејќи требаше да игра со Шкендија, која е на дисциплинска за исфрлање од натпреварувањето, а пак Кораби службено го доби мечот со Победа, откако прилепчани не се појавија во салата во Дебар по 30 минути чекање.
Александар Ванев, М-Нет