
Македонската одбојкарска репрезентација на Македонија ја совлада Швајцарија на вториот контролен натпревар одигран на гостински терен, а во рамки на подготовките за квалификациите за ЕП 2026.
На првиот контролен меч со Швајцарија нашата репрезентација загуби со 3:0 во сетови, а пак на вториот меч Македонија беше подобра со 3:0 во сетови односно 26:24, 25:21 и 25:20.
За разлика од првиот контролен меч кога Швајцарија ги добиваше сетовите на разлика, нашите одбојкари одиграа поквалитетно и имаа контрола на резултатот. Никола Ѓорѓиев беше најефикасен во нашата репрезентација со 20 поени, Филип Савовски освои 11, Александар Љафтов 9, Владо Милев 3, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев и Стојан Илиев по 2, а Тоше Ефремов, Стојче Арсов и Филип Лепидовски по 1.
Со оглед на карактерот на мечот, имаше и уште еден неофицијален, четврти сет, а во него Швајцарците беа подобри со 19:17.
Претходно, нашите одбојкари одиграа две контролки и со Црна Гора, на првиот македонските одбојкари загубија со 3:1, а на вториот беа подобри со 3:1
Македонската репрезентација се врати во Струмица по што ќе игра на турнирот „Чајка“ со Израел и со Косово. Првиот квалификациски меч Македонија го игра против Грузија на 17. август, а вториот со Грција на домашен терен на 25. август.
Александар Ванев, М-Нет