
Македонија ремизираше во третото коло од квалификации за СП 2026 со репрезентацијата на Белгија на арената во Скопје со резултат од 1:1.
Македонија имаше одлични шанси и можеше да го добие мечот, но и со реми сигурно ќе бидеме задоволни, особено кога на 0:0 погодивме две стативи преку Елмас и Алиоски, а потоа стигна казната преку Де Кујпер за водство од 0:1 на Белгија на полувреме.
Во вториот дел Македонија дојде до 1:1 но голот на Елмас беше понишен поради офсајд, а по преглед во ВАР собата, па така Белгија ги имаше оние минимални 0:1.
Во вториот дел имаше отворена игра со шанси, а во финишот од мечот преку Алиоски македонската репрезентација дојде до конечните 1:1.
Македонија веќе утре „лета“ за Астана, в понеделник ќе се соочи со Казахстан, екипата на М Нет телевизија ќе известува за овој меч директно од Казахстан.
Александар Ванев, М-Нет