
Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 8 до 19 часот. ќе работи одделот за граѓански работи односно сите отсеци на оваа организациска единица прв МВР. Што значи дека граѓаните можат да ги подигнат своите лични документи.
„Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информира МВР.
Денеска на територијата на државата во тек се претседателските и парламентарните избори. Право на глас имат 1,8 милиони граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет