Кочанчанец се заканувал на неговите поранешни адвокати пред судот во Кочани, поднесена кривична пријава


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против У.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.09.2025 околу 11:30 часот пред Основен суд Кочани, пријавениот упатувал закани на неговите поранешни адвокати, двајцата од Кочани.