Компанијата со реакција на нападите од Ампeва, Владата без коментар

По обвинувањата од страна на Гласен текстилец, реакција пристигна и од приватната компанија. Од таму велат дека нападите се оценуваат како тенденциозни и крајно непрофесионални.

„Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24-часовен на 12-часовен и од тие причини вработените во Дирекцијата за физичко обезбедување на НИКОБ што беа ангажирани да ги обезбедуваат објектите на државната управа низ државата мораше да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување. Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не. Компанијата Никоб Обезбедување останува посветена на високите стандарди за работа и давање врвни услуги од нашиот домен на работа“ – велат од таму.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата, пак, посочија дека кон компанијата која ги обезбедува подрачните едници на неколку институции сместени во Општина Штип, заклучно со последниот месец, се исплатени сите побарувања. Владата во конкретниов случај нема да коментира детали кои се однесуваат на политиките на приватните компании.

Ребека Спасова М-Нет