
Комисијата за натпревари при ФФМ ги информира клубовите дека поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија и во која загинаа наши граѓани, договорените четврт – финални куп натпревари за утре, среда 24 ноември се одлагаат. Новиот термин за одигрување на овие куп – натпревари ќе биде среда 1 декември 2021година со почеток во 13.00. Колку за потсетување екипата на Брегалница требаше да гостува на тимот на Силекс во Кратово. Еве ги комплетните двојки за 1/4 финале од купот на Македонија :
1.Шкендија – Шкупи
2. Пелистер – Вардар
3. Македонија ЃП – Шкупи
4. Силекс – Брегалница
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk