Колку рачната изработка е прифатена кај граѓаните – Трајанка од кочанско Оризари плете половина век

Игла, волница и желба за работа, не е потребно многу вели Трајанка од кочанско Оризари за да се сплетат чорапи, елек или некој друг вид облека. Од нејзината 15 година почнува да плете и до денеска го надоградува она што го учела како тинејџерка. Пред камерите на М-Нет телвизија вели дека го работи како хоби, ужива во плетењето, а дополнително заработува некој денари оти производите ги пласира на пазарот во Кочани.

„Сами се научивме, земеме иглите и си плетеме. Не е тешко ништо, кој сака да работе не е тешко.

Два дена за еден пар чорапи, во зависност од дизајнот и тоа што се плети зависи и колку време е потребно. Цените се достапи за џебот на граѓаните и вели сега пред почетокот на зимскиот период се повеќе се бараат рачно плетени производи. Само загрижува фактот што се помалку млади се учат да плетат.

„За чорапи се потребни два дена“

Трајанка подолго време своите рачно плетени производи ги пласира на пазарот во Кочани, а вели граѓаните ги препознаваат и купуваат чорапите и останатите парчиња облека.

Лаура Стојанова М-Нет