Кои тренери ќе работат во Првата македонска фудбалска лига во сезона 2026/2027 ?

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започна со одигрување на натпреварите од првото коло, кое донесе многу погодоци. Познати се и тренерите кои ќе работат во новата сезона 2026/2027 во фудбалската елита на Македонија. Тројца странци и седум домашни стратези.

Од странците тука се тренерот на Вардар Кристијан Фабијани (Аргентина), Бленди Шкемби од Албанија кој ја води Струга Трим Лум и стратегот на Тиквеш, Оливер Богатинов од Словенија. Домашните стратези се Шкендија: Артим Положани (Македонија), Силекс: Александар Васоски (Македонија), Арсими: Вилдан Салиу (Македонија), Башкими: Гајур Реџеп (Македонија), Брегалница: Никола Кузманов (Македонија), Скопје: Муарем Муарем (Македонија) и Шкендија Арачиново: Берат Имери (Македонија).

Од нив само Александар Васоски во сезона 2019/2020 со Вардар ја освои шампионската титула.

Александар Ванев, М-Нет