Вкупно 60 хоспитализирани ковид – заразени пациенти во штипската и кочанската болница. Дневната ковид – статистика во Клиничка болница Штип покажува двајца оздравени и испишани пациенти, а новопримени се петмина. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 44 се на Инфективното одделение, а шест на Кожното одделение. Од нив со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка се 32 пациенти, а вакцинирани се 16. Направени се вкупно 66 амбулантски прегледи, во дневната болница на преглед дошле девет ковид – позитивни пациенти. На Инфективното одделение има 16 слободни места, уште четири слободни има и на Кожното одделение, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Општата болница Кочани, пак, хоспитализирани се 15 пациенти, од кои тројца се на кислородна поддршка, а вакцинирани се осум пациенти. Оздравен и испишан е еден пациент, но забележан е и еден нов прием на ковид – позитивен пациент. На Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел слободни се 12 места, информираат од болницата.
Во последната статистика на Министерството за здравство забележан е намален процент на новозаразени. Регистрирани се 153 нови позитивни случаи на Ковид – 19, што е само 10% од направените тестирања. Од Источниот регион, овој пат нема позитивни ниту од Штип, ниту од Кочани, кои беа на врвот во последните статистики. Двајца се од Виница и по еден од Берово, Делчево и Пробиштип.
Бројот на оздравени пациенти, пак, е двојно поголем од оној на новозаразени. Од Источниот регион, 20 се од Кочани, 18 од Штип. Во другите градови бројот е едноцифрен и се движи помеѓу еден и три оздравени пациенти.
Во последните 24 часа регистрирани се 11 починати лица.
Активни случаи, сè уште има во сите градови од Истокот. Најмногу има во Штип и Кочани, 205 во Штип и 172 во Кочани. Во другите градови бројот е двоцифрен и се движи од 37 во Берово, па до 68 во Пробиштип, единствено во Пехчево бројот е едноцифрен, каде има само четири активни случаи на Ковид – 19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.
Ребека Спасова МНет
