
Ситуацијата со КОВИД 19, ги стави во втор план останатите заболувања и симптоми кои изминатите години беа во центарот на вниманието.
Таков е случајот со високите температури, кои веќе достигнуваат и до 38. степен и можат да предизвикаат многу несакани појави кај луѓето. Посебно, доколку излегуваат во период кога температурите се највисоки, а имаат потреба од установи каде климитизерите се адаптирани на многу пониски температури.
Во тој случај може да дојде до шок во организмот. Затоа, треба добро да се заштитиме, вели д-р Златко Стојменов.

Во принцип здравите организми се адаптабилни и секако дека не е добро огромни разлики во температурите, така да и во топлите денови оние кои имаат разладни уреди треба да ги држат на некое повисоко ниво, да не е голема разликата. Меѓутоа и кога е голема разликата има некаков ризик кај луѓето кои се веќе со хронични болести. За сите кои се хронични болни препорачуваме да не шетаат кога веќе се надвор толку големи температурите, за да не се среќаваат со вакви случаеви на големи разлики во продавниците, банките и другите установи кадешто мора да одат. Препорачуваме тоа да го прават во ладниот период од денот, да се придржуваат на тоа, и кога веќе ќе мора да одат, да ги носат сите заштитни, пропратни облеки, да носат вода, шешири, очила за сонце – рече Д-р Стојменов.
Според д-р Стојменов, засега се`уште не настапил периодот на преципитација, односно таложење на ефектите од ден на ден и затоа во ординацијата немаат такви случаи. Но ако продолжат горештините, како и секое лето, го очекуваат тоа.
Мислењето на д-р Стојменов е дека жештините и горештините не успеаа да го преземат водечкото место на вниманието на пациентите кон КОВИД 19.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ