
Во воведниот натпревар од 12 коло на ПМФЛ и прв меч во вториот првенствен круг, играчите на лидерот Шкупи му ја наполнија мрежата на штипскиот прволигаш. Победата на Шкупи изразена со резултат од 5:0 изгледа превисока во однос на она што се случуваше на теренот. Брегалница играше , изведе многу повеќе корнери имаше налмалку 4 – 5 сто настотни шанси, но голманот на Шкупи Кристијан Наумовски беше вистински херој, бранеше како да има десет раце а згора на тоа му одбрани пенал и на голгетерот на Брегалница Алтипармаковски. Ова нека биде поучен натпревар за играчите на Брегалница да заиграат како змаат и умеат и достоинствено да ги бранат боите на штипскиот прволигаш. Стрелци на головите за Шкупи беа Цветановски 2, а по еден гол постигнаа Ратабуаје, Адетуњи и Алварез. Утре сабота со почеток во 14.00 часот ќе се одиграат преостанатите 5 натпревари во кои се среќаваат:
- Борец – Работнички
- Скопје – Ренова
- Пелистер – Македонија ЃП
- Шкендија – Тиквеш
- Струга ТЛ – А. Пандев
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk