Каратистот Емил Павлов прогласен за спортист на град Штип за 2020 година

Синоќа во Штип со директен телевизиски пренос на нашата Мнет телевизија во салата на Општина Штип се одржа традиционалната спортска манифестација за избор на спортист на градот. Со интонирање на македонската химна и со воведните говори на Биљана Казанџиска, Елмир Мандак и Сашко Николов се започна со прогласување на најдобрите. Во Пионерска конкуренција најдобар спортист е Андреј Трајчев – БК Балканец, втор е Јован Атанасов – БК Балканец а трет е Јована Панева – КК Македонка. Воедно награди дибија уште и Клаудио Јанковски, Џем Пашов, Ива Колева, Вероника Зашовска, Јован Данилов, Стефан Антониев и Јован Николевски.

Во конкуренција на Кадети :

1.Стефан Штерјов – БК Балканец

2. Ненад Панов – БК Балканец

3. Даниел Николовски – Осенсеи

Во конкуренција на Јуниори:

  1. фадил Назифов – БК Балканец
  2. Никола Нацев – Гладијатор
  3. Мила Вакувска – УГД Студент

Во конкуренција на Сениори :

  1. Емил Павлов – КК Штип
  2. Жарко Арсовски – КК Штип
  3. Слободанка Стефановска – Гладијатор и Бобан Данов – БК Балканец

Најдобар тренер : Сашко Арсовски – КК Штип

Училишен спорт : ОУ „Ванчо Прќе“ и СОУ Њ„ Никола Нехтенин“ со ментори Ангелќе Рунчев и Методи Самарџиски

Најдобар судија : Никола Мицевски – Одбојка

За посебен придонес во спортот награда за Маја Ашкилова

Надежен млад спортист : Димитар Радев – Осенсеи

Спортски новинар : Зоран Ристевски

Најдобар Спортски клуб : КК Штип

Најдобри спортски работници: Мијалче Маџаров и Марија Гогова

За најдобар спортист на град Штип за 2020 г. беше прогласен еверопскиот карате шампион Емил Павлов.

Изборот на спортист на Штип според пишаните документи е воспоставен во 1969 г. кога за најдобар беше избран кошаркарот Благој Димов, но педантните статистичари велат дека традицијата започнала во 1967 г. кога за најдобар бил прогласен борачот Добре Маринков а во 1968 г. исто така борачот Симеон Шутев кој таа година како прв македонец настапи на Олимписките игри во Мексико, но пишаните докменти за овие манифестации се изгубени.

Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk