Кадино против Ржаничино на стартот од новата сезона во Трета лига – Север, Фортуна на мегдан со БВК Коњаре

Со извлeкувањето на ждрепката познат е распоредот за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север, а стартот за истата е закажан за 13 односно 14 септември.

Вкупно 14 екипи ќе настапат во сезона која ќе биде далеку понеизвесна од ланската, трката за првото место кое води кон бараж за Втора лига ќе биде возбудлива, а последните три екипи директно ќе испаднат во Општинската лига.

Новата сезона носи и четири нови третолигаши, тоа се Беса Сарај, Отља, Лопате и Студеничани.

Во рамки на првото воведно коло Башкими Љуботен ќе игра против Лопате, Отља ќе го пречека тимот на Аеродром, поранешниот второлигаш Кадино ќе игра против Ржаничино, а пак дербито на колото ќе го одиграат Фортуна и БВК Коњаре.

Студеничани ќе се соочи со поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, Пчиња оди на мегдан со Беса Слупчане, а пак Куманово во првото коло ќе игра со Беса Сарај.

На третолигашите од овој регион им беа поделени по 20 фудбалски топки како директна помош од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Александар Ванев, М-Нет