И небото денес плачеше со скршените од болка мајки во Кочани

Тажно, врнежливо, скршено, болно и денес во Кочани, семејствата на починатите во голем скрб маршираа за Ангелите. Со масовна поддршка од блиски роднини, пријатели и сограѓани од 12 часот и 5 минути тие масовно започнаа да се движат низ улиците. Со фотографии од чедата во рака, притискајќи ги силно кон плеќите и душата ранетите мајки, ронеа дробни и крвави солзи,. Застанувајќи кај Општината, МВР и Основниот суд, тие се обидоа да се совземат и преку говор да кажат збор два за неправдата која ќе боли до гроб. Транспарентите овој пат не беа толку моќни, колку зборовите на мајките кој секого го оставаа замислен и потиштен. Колку лоши и злобни луѓе има во Кочани, Ќе го сака ли некој градов, после кобната ноќ, Обвинители-колку вреди младиот живот во државата, а штоа ако беа вашите деца. Немаме веќе што да изгубиме, бараме секој до еден да одговара, бараме правдата да има имиња и презимиња, беа тешките реченици на сотренети од тага родители.

Родителите побараа одговорност, побараа правда, бидејќи како што истакнаа за правда ќе се борат до крај, макар истата да се бара под вода и камен.

Инаку, протестот заврши кај Основиот суд со рециталнот на родителите ,,Гледајте, убаво запомнете ги ликовите на убиените деца, кој заслужуваат правда“

Иван Митев, М-Нет