Искршени клупи во центарот на Штип, граѓаните реагираат – надлежните на терен

Дел од клупите со искршени даски, друг дел без боја – слика на повеќе локации во централното градско подрачје во Штип. Повозрасните граѓани реагираат дека подолг временски клупите се без даски, не може да се користат, и се во лоша состојба.

За вакавата ситуација на терен се согласни и од ЈП „Исар“. Директорот, Кирил Зајков, посочува дека констатирале оти дел од клупите се уништени, ама додаде дека имаат динамика за промена или санација на дел од нив. Десетина се веќе променети, а пет клупи се направени и се чека нивно поставување.

„Да направивме увид на лице место, особено во самото централно подрачје, констатиравме дека дел од клупите се оштетени и тоа е утврдена динамика на самото претпријатие во претходните години. И оваа година извршивме репарација на клупите, префарбување и замена на оштетените седечки делови на самите клупи. Дополнително поставивме 10 нови клупи, во кругот на ЈП Исар има изработено уште нови пет клупи и тие ќе бидат поставени во перидот кој следи. Ова тромесечје се поставија четири летниковци со сет на клупи и маси. Во периодот кој следи ќе се постават и нови летниковци“ – вели Зајков.

Во оваа прилика Зајков посочи дека и покрај тоа што сега се наоѓаат во тешка финансиска состојба, сепак потребите на граѓаните нема да бидат оставени настрана. Додава дека сите услуги кои ги врши претпријатието и понатаму ќе се извршуваат во целост.

„Тоа го чини претпријатието ама ние не застануваме, и нема да трпат услугите кои треба да ги добијат граѓаните. Финансиската сосотојба во која се наоѓа јавното претпријатие нема во ниту во еден момент да биде причина за намалување на услугите кои ги испорачуваме кон граѓаните.“ – додава Зајков.

Во програмата за оваа година на ЈП „Исар“ е предвидено замена на дел од урбаната опрема како и во континуитет решавање на проблемите на граѓаните и задоволување на нивните потреби.

Лаура Стојанова М-Нет