
Во „куќата на фудбалот“ беше извршена ждрепката за паровите во првото коло во рамките на Купот на Македонија. Екипите на Брегалница, Академија Пандев, Шкендија и на Струга Трим&Лум ќе го прескокнат првото коло поради тоа што беа полуфиналисти во ланското издание и поради пандемијата не ги завршија предвидените натпревари. Еве ги комплетните парови за ова прво коло од Купот на Македонија:
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Слога В – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожув
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Гостивар – Тиквеш
Влазерими – Работнички
Каменица С – Борец
Лабуништа Тетекс – Силекс
Поради пандемијата се до финалето ќе се игра само по еден натпревар а при нерешен резултат ќе се оди директно на изведување на пенали. Натпреварите од првото коло ќе се одиграат во среда 23 септември со почеток во 15.30 ч. Осмина финалните средби на програмата ќе бидат на 21 октомври, четврт финалните пресметки на 25 ноември . Полуфиналето ќе се одигра на 7 април, а финалето ќе се одигра на 19 мај.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
Монтажа: Дарко Лазев