
Пристигна дел од недоверливиот материјал за изборите во Штип, вклучувајќи ги параваните за избирачките места и другите технички делови потребни за уредување на гласачките простории. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев, изјави дека доверливиот материјал, како гласачки ливчиња и избирачки списоци, ќе пристигне согласно законските рокови, најдоцна 72 часа пред денот на гласањето.
,,Во моментот од недоверлив материјал општинската изборна комисија има примени само паравани за избирачките места, кои што се до сега пристигнати, а доверливиот материјал согласно роковите, пристигнуваат најдоцна од 72 часа пред одржувањето на изборите. Во текот на наредната недела ќе пристигне и доверливиот материјал. Од недоверлив материјал треба да пристигне уште кутиите за гласање, како и останатите елемнти што се за уредување на избирачкото место, а тоа се кандидатски листи, пенкала, линеари.“, рече Вацев
Паралелно на ова во тек е и пријавувањето за гласање на болни и изнемоштени лица. Како што информираше Вацев, до моментот има пријавено 78 лица, а бројот се очекува да биде поголем до утре.
Инаку, според информации од Комисијата, сите подготовки течат според планот, и Штип ќе биде целосно подготвен за изборниот ден. Првиот круг е најавен за 19 октомври.
Иван Митев, М-Нет