
Во последниот натпревар од 14 првенствено коло на Првата футсал лига на Македонија се случи вистинско чудо. Актуелниот шампион на Македонија тимот на Шкупи во Скопје му ја наполни мрежата до врв на екипата на Кратово победувајки го со резултат 37:0 (17:0). Треба да се направи проверка дали ова е највисокиот резултат постигнат на Балканот, можеби и во Европа, но како и да е заслужува почит, респект и внимание. Македонскиот репрезентативец Зоран Левески беше особено расположен за игра и постигнување на голови, така да самиот тој постигна дури 15 голови. Зоран Левески е вистински виртоуз на теренот и едноставно е милина да се следи неговата игра.

Така беше и минатата недела во Штип кога Шкупи славеше висока победа против екипата на Астибо изразена со резултат 1:8 и кога играчите на Шкупи едноставно везеа по теренот во салата Тошо Арсов во Штип. Единствениот и почесен гол тогаш за Астибо го постигна штипскиот бомбардер Петар Левков.

Покрај Зоран Левески стрелци за Шкупи беа уште Еркан Шабани со 7, Исмет Цека кој постигна 6 гола, Бурак Мемеди и Иван Сотировски по 3, и Арсим Фазли и Никола Димовски кои постигнаа по еден гол а имаше и еден автогол. Колку за потсетување во овој викенд Футсал прволигашите ќе одмараат поради квалификацискиот натпревар Србија – Македонија кој ќе се одигра утре,петок во Врање.
Драги Герасимов – Пушка