Зголемен водостојот на река Брегалница, засега нема опасност од излевање

Зголемен водостојот на река Брегалница, но нема опасност од излевање. Од Управа за хидрометеоролошки работи информираат дека пораст е забележан особено во горниот дел од сливот, каде нивото е околу 70 cm. Состојбата е стабилна и под контрола, велат од таму, но апелираат на внимание. Во вечерните часови се очекуваат нови врнежи, по што ќе следуваат дополнителни проценки. Надлежните велат дека внимателно ја следат состојбата.

,,Во текот на има забележано зголемување во горниот дел на сливот на река Брегалница, потоа во долниот дел од сливот на река Струмица, како резултат на тие врнежи во тој дел, но засега опасност од излевање нема. Иако се зголемени водостоите , сепак во текот на денешниот ден нема опасност од нивно излевање, но сепак кон крајот на денот во вечерните часови се очекуваат нови врнежи, кој што можат да претставуваат нова опасност од излевање на реките. Но, да ги почекаме сепак тие најнови прогнози и да ги видиме количините на врнежи што се очекуваат за во текот на ноќта и утрешниот ден.“, рече Угрински

Како што информираше раководителот Угрински, вечерва се очекваат нови врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Предупреди дека наместа ќе има и по 20 литри на м2, со што се очекува да има и заладување на времето.

,,Според овие прогнози се очекуваат некаде околу 15 до 20 литри на м2, но сепак да почекаме. Така што во текот на наредните часови ќе излеземе со подетална прогноза. Со врнежите се очекува да има и заладување на времето со што во ноќтните часови некаде ќе има и снег особено на планините и повисоките места. “, додава Угрински

Според информациите од секторот за хидрологија, водосотојот на реката Брегалница е зголемен и изстиот изнесува 70 см и според нив оваа количина е далеку од можна појава од излевање.

Иван Митев, М-Нет