
Анксиозност, тема за која малку зборуваат оние кои страдаат од оваа болест и ја потиснуваа во себе. Забораваат на себе, на јадот кој го потиснуваат во срцето. Се затвораат во себе, предавајќи се на немоќта која ги обзема. И молчат. Не споделуваат. Ретко бараат помош со надеж дека ќе помине.
Но, едно момче се издвојува од толпата. Мартин Јованоски е автор кој ја напиша книгата ” Зошто јас”, во која преку стихови, отворено зборува за својата борба со анксиозноста и паничните напади. На тој начин, се обиде да допре до оние кои имаат потреба од тоа, да се препознаат и да се поттикнат да разговараат на таа тема.
Отворајќи си ја душата, Мартин Јовановски подава рака во најтешкото, раскажувајќи ја својата страна од целата, како што вели тој „приказна“, односно борба со анксиозноста. Преку своите прикриени, но некогаш и отворени стихови тој упатува порака до секој кој се соочува со оваа борба.
За прв пат со сите симптоми од анксиозноста се соочил пред десетина години, со засилен страв и мисли кои во почетокот го збунувале, а со текот на времето станувале се` посилни. Тоа го поттикнало да побара стручна помош, по што ја добил и дијагнозата – анксиозност.
Се соочувал со панични напади кои барале лекарска нега, средства за смирување кои во тие моменти му помагале.
Преку процесот на оснознавање на болеста и истражување за истата, Јованов бил збунет и исплашен и постојано се прашувал -Зошто јас? Тоа му влијаело на социјалниот живот, бидејќи едноставно се затворил дома и се изолирал, немајќи никаков контакт со тоа што се случувало надвор, како нормално секојдневие. После одреден период, откако увидел дека нема избор, решил да сe обиде да ја победи анксиозноста.
Според Јовановски, првиот тираж од неговата книга веќе е распродаден и веќе се продава вториот, од што е многу задоволен, а исто така, книгата може да се пронајде и на YouTube.
Тој е и еден од администраторите на Фејсбук група насловена како „Анксиозност, панични напади, стравови” каде има голем број на следбеници, кои се соочуваат токму со оваа борба.
Повеќе за симптомите на анксиозноста, оние со кои Мартин Јованов се соочувал, на кој начин успеал да ја „скроти“, но и за тоа како функционира групата на Фејсбук, ќе дознаете доколку ја гледате емисијата на Мнет, на следниот линк: