Започна уписот на средношколци во државата

Започна уписот на средношколци во државата. Денеска и во следните три дена средношколците имаат можност да се запишат во средно образование, и да го направат својот избор за во иднина. Во гимназијата Славчо Стојменски во Штип слободни се 238 места, во три подрачја.

„Гимназијата нуди 238 слободни места за идните средношколци. Уписот се одвива од деенска 14 јуни до четврток каде што учениците ќе можат да се запишат под строги мерки и контроли. Притоа мораме да напоменеме дека се направи посебен распоред зависно од првата буква на нивното презиме, така да денес може да се запишат учениците со презиме од А до Ѓ.“ – кажа директорот на СОУ„Славчо Стојменски“, Тамер Јамаковски.

Идентична бројка на слободни места за идните средношколци нуди и СОУ Јане Сандански во Штип, озбебедени во 7 паралелки во 5 профили.

„Имаме вкупно 238 слободни места кои се распределени во седум паралелки и во пет профили. Три паралелки каде што имаме слободни 102 места се обезбедени за медицинска сестра, 34 слободни места имаме во фармацевски техничар во еден клас, 34 слободни места имаме во профилот забен техничар, 34 места во профилот медицинско лабараториски санитарен техничар и 34 слободни места во профилот физиотерапевтски техничар“ – истакна Маја Гичева, Директор на СОУ„Јане Сандански“.

Овие две средни училишта за своите идни ученици нудат европски услови за одвивање на образованието, како и најдобри можности за средношколците.

Учениците во зависнот од она што го училе претходно и она што народски се вели сакаат да бидат кога ќе пораснат го прават својот избор за запишување во средно образование.

Наредните уписни рокови се на 23, 24 и 25 јуни, додека третиот уписен рок е 30 јуни.

Лаура Стојанова М-Нет