Загарантирана забава за Нова Година на шеталиштето во Штип ветува „Пауза за ракија“

Празничната магија на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип продолжува и денеска и утре. Загарантирана забава со познати музички бендови ќе ги развеселат штипјани вечерва, заеднички со празничната програма на новогодишниот базар. Да се испрати старата година со насмевка и да се дочека новата со многу позитивна енергија и музички вибрации е целта на надлежните.

Вечрта ќе започне со групата „Блу бенд“, а потоа музичка програма ќе продолжи со „Пауза за ракија“. Забава ќе има за сите генерации кои може да уживаат и заеднички сплотени да ја дочекаат новата година.

„Штипјани може да очекуваат многу голема забава, со многу енергичен настап, атмосфера, добро знаат штипјани како ние го правеме тоа, така да ги очекуваме во што поголем број. Од Мајкал Џексон до Ферус Мустафов, за сите генерации, така да нека повелат сите да ја дочекаме заедно Новата година“ – вели Димовски.

Помладите граѓани во Штип согласни дека шеталиштето „Ванчо Прќе“ нуди новогодишен амбиент и атмосфера, додавајќи дека голем дел од нив заедно со друштво ќе ја дочекаат новата година на оваа локација.

Годинава настаните пред нова година започнаа на почетокот на месец декември. Граѓаните од Штип, регионот, но и цела државаа имаа цел месец можност да уживаат и да се фотографираат во прекрасно украсениот Штип. Дополнително беше отворен и новогодишниот базар, со што на шеталиштето Ванчо Прке се нудеше греано вино, добра храна и новогодишни украси.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет