
Осум населени места во општина Карбинци ќе добиваат чиста вода за пиење од ХС Злетовица. Заврши изградбата на цевководот, филтер станицата и пристапниот пат. Денеска во посета на Оштина Карбинци, беше министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој посочи дека Министерството одвоило 800 илјади денари за целосно завршување на првата фаза од овој проект.
„Пред неполн месец Владата ја усвои информацијата со која обезбедува дополнителни 800 илјади денари средства за комплетирање на првата фаза од пректот Злетовица. Овие средства ќе бидат распределни во следните три буџетски години за целосно довршување на планираните активности.“ – додава Николовски.

Градоначалникот, Виктор Паунов, посочи дека Општината продолжува неуморно да вложува во проекти со цел подобар живот на граѓаните во општина Карбнци.
„Оваа филтер станица заедно со изградбата на цевководите во должина од 18 километри како и пристапниот пат е почеток за подобрување на водоснабдувањето во Општина Карбинци. 80% од населението или вкупно осум населени места ќе добијат чиста вода за пиење со еден модерен систем на филтрација. Општина Карбинци ќе продолжи неуморно да работи на реализација на капитални проекти кои се од суштинско значење“ – вели Паунов.
Во моментов се прават тестирања на Филтер станицата, а се чека и дозволтата од АХВ со цел да се пушти преработената вода за пиење до осумте села во Карбинци.
Лаура Стојанова М-Нет