Живко Тасев не гледа злоупотреба на службената должноста, набавката била спроведена законски

Поранешниот директор на штипски „Исар“, Живко Тасев, не гледа злоупотреба на службената должност во сите набавки кои се направени за време на неговиот мандат. Набавката на метларката, како и сите други набавки кои се вршат за потребите на ЈП „Исар“, е согласно со Годишен план за јавни набавки усвоен од Управен одбор, вели Тасев.

„За оваа набавка е распишан тендер кој е спроведен согласно со законската регулатива како и сите други јавни набавки кои ги врши ЈП „Исар“. Јавната набавка е спроведена и реализирана од Комисија лиценцирана за спроведување тендерски постапки. Комисијата утврдила дека добавувачот ги исполнува сите критериуми од распишаниот тендер. Согласно со горенаведеното добавувачот е избран и набавката е реализирана.“ – стои во ставот на Тасев.

Ребека Спасова М-Нет