
Женската јуниорска селекција на Македонија во понеделник ќе ги започне подготовките на претстојното Европско првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки под 18 години, кое ќе се одржи во Романија во период од 2. до 11. август.
Селекцијата ќе биде предводена од селекторот Горан Крстевски, а репрезентативката Ива Дојчинова која гостуваше во спортскиот магазин Трибина на телевизија М Нет зборуваше за претстојното ЕП.
Дојчинова очекува Македонија да биде во топ 10 репрезентациите на ЕП во Романија.
Штипската кошаркарка која направи трансфер во хрватскиот клуб Задар Плус вели ќе атакуваат на победа и против фаворитите во групата.
Македонија е во групата А со селекциите на Грција, Бугарија, Ирска и Норвешка. Првиот меч го играме против Ирска, потоа против Грција, па Бугарија и последниот меч ќе биде против Норвешка.
Александар Ванев, М-Нет