Едно лице починало во сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани

Едно починато и едно повредено лице, ова е билансот од сообраќајна незгода која вчеравечер се случила на магистралниот пат Штип-Кочани, на крстосница за с. Кучичино.

Станува збор за сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 71 годишен С.З. кој починал на лице место и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 29 годишен штипјанец со иницијали Н.Р.

Откако од Итната медицинска помош е установено дека Н.Р. се здобил со повреди, истиот бил пренесен во Здравствена установа во Кочани. Од екипа на Полициската станица Кочани направен е увид на местото  на незгодата.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк