
Денеска на 25 декември Светата православна црква го празнува споменот на Св. Спиридон Чудотворец. Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на Св. Спиридон Чудотворец, меѓу другото дека бил еснафски празник на кондураџиите, самарџиите и шарлаганџиите. Легендата раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор кога стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода. Денеска овој ден не се празнува кај занаетчиите како порано, бидејќи и најголем број од занаетчиите затвориле или нема кој да ги наследи.
„Тоа време на овој ден се е пееало и играло, особено кондурџиите, они се биле први, денеска не се прави ништо“ – ни кажа Столе шнајдерот.
И покрај тоа што доколку навостина вредно се работи, има пари за живот, никој не се нафаќа да работи некој занает, еве конкретно чичко Столе, 31 година никој не го прашал дали му треба чирак, ниту пак некој покажал интерес да го научи овој занает. Исто така, материјалот кој се употребувал некога и сега е доста различен, па квалитетот е сведен на минимум.
„Понапред создаваше, сега не, само поправки кои донесе панталони, палтиња шиев веќе не, бидејќи нема убав материјал.“ – истакна чичко Столе.
Работите се доста сменети, па и затоа овој занаетчија работи само за свои потреби. Тој не купувал облека од пазарите, бидејќи самиот си ги задоволувал потребите. Но денеска, многу ретко некој оди да купи нешто од кај него, ретки се и оние кои носат облека за поправка. Занаетот изумира, бидејќи нема желба ниту интерес од некого за истиот да биде продолжен.
Лаура Стојанова М-Нет