
Врнежливиот мај добредојден за посевите на пченица и јачмен. Ако претходната година приносите биле два тона од хектар оваа година се очекува оваа бројка да биде двојно зголемена односно да има околу четири тона од хектар пченица. Моментално сѐ уште се преговара за цената, бидејќи истата сега е околу 14 денари, а реално би требало да биде 20 денари, вели Гоце Серафимов. Со оглед на фактот дека се останато е со покачена цена, со цена од 14 денари нема исплатливост, па ваков случај би требало помош да следува од министерството за земјоделие.
„Оваа година е доста врнежлива, цел мај беше врнежлив, тоа ретки години се погаѓа така и е добра за овогодинешните реколти за пченицата и за јачменот. Ама ќе видеме како ќе биде цената, сега во моментот е падната цената на пченицата, и ако продолже вака Министерството да помогне.“ – вели Серафимов.
Серафимов алармира и на проблемот со палењето на земјоделските остатоци. Вели дека откако е забрането да се палат земјоделските стрништа пченицата и јачменот се подлежни на голем број болести како што е пример сега. Посочува дека иницијатива постои, на тој начин што земјоделците ќе палат ќе имаат контрола.
„Жетвата ќе биде навремена, очекуваме да има добри приноси оти мај ретко се случува да има толку дожд. Ама од друга страна и тоа не е добро оти има болести и есената имаше болести. Ние бараме да се дозволе како едно време кога се палеа стрништата да биде тоа под некој надзор барем на три години, оти вака имаме повеќе штета за разлика од тогаш кога се палеа стрништата“ – додава Серафимов.
Нема опасност дека државата ќе биде зависна од увоз на пченица и јачмен, дециден е Серафимов оти годинава има доволно производство.
Лаура Стојанова М-Нет