Димитар Ѓоргиев: – „Пресреќен сум што донесов злато, докажавме дека во Македонија може да има врвен спорт“…

Откако се средија впечатоците, откако македонската експедиција го прослави шампионското славје со Кик – боксерот Димитар Ѓоргиев дојдовме и до првите ексклузивни сознанија за овој голем успех на новиот Светски шампион. По четврти пат Димитар Ѓоргиев се искачи на највисокиот шампионски трон откако тоа со своето знаење упорност и вештина сосема заслужено го освои во 2011 г. во Скопје, потоа во 2013 во Анталија , во 2015 во Белград и сега во 2021 г. во Лидо де Јесоло во Италија. Патот до успехот Димитар Ѓоргиев го започна во родното Неготино за да првата презентација ја добие токму овде кај нас во Штип по што започнаа да му се отвораат портите и на успехот и на неговата слава. Екслузивно специјално за Мнет ТВ вечерва Димитар Ѓоргиев ни изјави:

– „ ПРЕСРЕЌЕН СУМ ШТО УСПЕАВ ДА ДОНЕСАМ ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА, РЕДНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ СПОРТОТ ВО ПРЕДЕН ПЛАН И ЛУЃЕТО ДА МОЖАТ ДА УЖИВААТ ВО ВИСТИНСКИТЕ КВАЛИТЕТИ НА НАШИТЕ МЛАДИ СПОРТИСТИ. МИЛО МИ Е ШТО ДОКАЖАВМЕ КАКО ТИМ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ИМА КВАЛИТЕТЕН И ВРВЕН СПОРТ.“ – беа зборовите на светскиот шампион во дисциплината Лоу – кик во категорија – 81 кг. Димитар Ѓоргиев кој во финалето на СП во Лидо де Јесоло во Италија го победи Никола Дробњак од БиХ со резултат 3:0. Димитар Ѓоргиев најави дека сосема наскоро ќе дојде во Штип и специјално ќе даде изјава за нашата Мнет ТВ за неговиот шампионски пат крунисан со досегашните четири светски титули. Искрени честитки од спортската редакција на Мнет ТВ за Димитар Ѓоргиев и целата Кик – бокс македонска експедиција предводени од селекторот Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски .

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk