
Утринава со посета на 82 годишниот Панајот Соколов во Кочани започна гласањето на болни изнемоштени и немоќни лица кои се пријавиле да го остварат своето демократско право на глас. Попов вели дека важноста од гласањето е голема, додавајќи дека очекува многу од новиот градоначалник кој ќе дојде на власт.
Во избирачкото место 823 за денеска имало пријавено само две лица за гласање во домашни услови, истакна претседателот на ИМ 823, Драган Јорданов, идентично како и во првиот круг.
Истовремено денеска гласаат и ковид позитивните и лицата во изолација. За вториот изборен круг пријавени се поголем број и на болни лица и на лица во изолација истакна Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димковска Гичева.
Во Кочани граѓани одлучуваат во втор круг за градоначалник, исто како и во четири други општини во Истокот, односно во Чешиново Облешево, Пробиштип, Пехчево и Македонска Каменица.
Лаура Стојанова МНет