Денеска и утре стабилно време со свежи утра, в петок пообилни врнежи од дожд

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Времето во наредните денови

Денеска и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Текстот Денеска и утре стабилно време со свежи утра, в петок пообилни врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.