Дезинфекција на јавните површини и урбаната опрема во Делчево

Општина Делчево редовно врши дезинфекција на јавните површини и објекти. Екипи на ТППЕ од Делчево вршат дезинфекција на влезовите и вратите на објектите, трговски дуќани, маркети, аптеки и други објекти каде има поголема фреквенција на луѓе. Се врши и дезинфекција урбаната опрема во парковите и детските игралишта.

Општина Делчево во континуитет презема мерки за превенција на појавата и ширењето на појавата на заразата од коронавирусот, во таа смисла повторно се апелира да се почитуваат одлуките на Владата и да не се излегува без итна потреба од дома.

Согласно со заклучоците на Регионалниот кризен штаб, Општина Делчево информира дека градскиот зелен пазар и сточниот пазар ќе бидат затворени.