Да се произведува е тешко, а да се купува не е ништо полесно – граѓаните со малку пари на пазар

Да се произведува е тешко, ама и да се купува е уште потешко. Граѓаните на пазарите од Истокот во средина – да се биде продавач не се исплаќа, а да се купува едвај може нешто со ниските примања. Ваквата слика по пазарите во Источниот Регион се гледа речиси секоја недела, а на штипскиот пазар, граѓаните и овој петок го потврдија тоа. Сепак, оценката и понатаму останува субјективна, за едни скапо, за други цените пристојни.

Главно, пролетни производи – вака граѓаните одговараа на прашањето што се купува овој период. Овошјето најбарано, но се купуваше и краставици и домати, кои иако држеа цена од 100 денари, сепак беа пониски од претходниот петок.

Продавачите, пак, делумно задоволни од пазарниот петок. Раздвижено, ама со не толку задоволителна побарувачка. Цените остануваат исти, според продавачите.

Слаба побарувачка изминативе недели од почетокот на годината констатираа не само продавачите на штипскиот пазар, туку и на кочанскиот и останатите пазари од регионов. Има колку да се заработи, велат продавачите, но имајќи ги предвид трошоците, не е целосно исплатливо.

Ребека Спасова М-Нет