Градинките без кадар, децата на листа на чекање, Велковски апелира да се донсат законски измени на Законот за заштита на децата

Проблемот со вработување стручен кадар во детските градинки држи статус кво. Нема лиценцирани негователи и воспитувачи, а нема ниту оглас за полагање на испит за лиценца. Дополнителниот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, денеска од Штип, вели дека побарале законски измени, но точката се уште не е ставена на дневен ред. Токму и затоа проблемот стои нерешен, градинките се без соодветен вработен кадар, а дечињата се на листа на чекање да бидат примени во детските градинки.

„Веднаш по средбата во Штип, инициравме да се стави на дневен ред точка за законски промени на Законот за заштита на децата, однонсо тој испит да може да се полага хартиено. Меѓутоа, мора денеска со жалење да истакнам дека точката со законот за заштита на децата не е ставена на дневен ред“ – вели Велковски.

Велковски упати уште еден повик точката да се стави на дневен ред и да се изгласа, со цел во детските градинки да може да се вработи соодветен кадар, а со тоа да бидат згрижени повеќе дечиња.

„Наместо да се грижиме за заштита на пет илјади дечиња кои треба да бидат згрижени ние тераме политика“ – додава Велковски.

Во двете детски градинки во Штип недостасуваат околу 60 негователи и воспитувачи, тие места стојат празни бијдејќи нема кој да се вработи оти нема лиценцирани негователи и воспитувачи.

Лаура Стојанова М-Нет