Голем број присутни, одлична соработка – започна Третиот студентски конгрес на Општа медицина во Штип

Отворен третиот студенстски конгрес на студентите по Општа медицина. Голем број еминенти имиња, доктори, професори, студенти имаа можност да поминат квалитетно време заедно, да бидат дел оод презентациите, но и да научат нешто ново, нешто плус. Ректорот, Дејан Мираковски посочи дека на ваков начин се продолжува кон подобра иднина.

„Со гордост можам да кажам дека се работи за еден настан кој навистина студентите со своите напори го организирале на едно високо ниво. Да научат едни од други, а со тоа да го продолжат патот кон една поздрава и посреќна иднина.“ – вели Мираковски.

Чест и задоволство беше и за докторите кои беа задоволни од она што студентите го организраа со својот труд. Децидни дека ова треба да продолжи и во иднина со се поголем број на учесници.

„Има голем број на учесници, голем број на активни, квалитетни предавања. Се надевам дека така ќе продолжи, бидејќи тоа е чест за сите нас и за учесниците и за оние се дел од овој конгрес.

Здравствените работници да останат во државата, да продолжи да се развива градот и универзитетот, порача градоначалникот Јорданоов кој беше дел од настанот. Вели преку соработка на градот со универзитетот придобивки има за сите.

„Посакувам младите здравствени работници да останат во Македонија, да бидат дел од здравствениот систем, а она кое е значајно за нас како град е да продолжи да се развива УГД. Ние имаме една одлична соработка, одлични проекти“ – вели Јорданов.

Конгресот на студентите по Општа медицина беше прекинат заради ковид пандемијата. Сега повторно се организира со цел придобивки за студентите.

Лаура Стојанова М-Нет