В недела ќе се одржи акцијата „Плачковица 2023“ по повод денот на планината 11 декември

По повод одбележување на Светскиот ден на планините 11 Декември, во недела ќе се одржи акција насловена како „Плачковица 2023“. Планинари, љубители на планината и природата може да бидат дел од насатанот кој ќе се реализра на планината Плачковица. Во склоп на овој ден се одебележува и јубилеј 90 години од првата планинаска активност во Македонија.

„Оваа година освен јубилејот одбележување на 11 декември – Денот на планината, Федерацијата на планинарски спортови одбележува и 75 години од нејзиното формирање и 90 години од одржувањето на првата планинарска активност во Македонија. “ – вели Читкушев.

Домаќини на овогодинешната манифестација е Друштвото за планинарски спортови Лисец Штип. Претседателот вели дека интезивните подготовки се во тек, се очекуваат над 200 гости од Македонија и странство, а ги повикува и сите љубители на природата и планинари од целиот Балкан да бидат дел од акцијата во недела.

„ние сме во интезивна организација, скоро секој ден сме со собири и состаноци и се во организацијата е веќе како што треба. Очекуваме голем број на посетители, планинари и рекреативци од цела Македонија дури има најави за гости од Србија и Бугарија“ – додава Санев.

Настанот е закажан за в недела на 10.12.2023 во 08.00 часот од местото викано ,,Билборди,, до врвовите Туртел и Црквиште, а потоа и заедничка забава со доделувања на признанија и награди во планинарскиот дом Вртешка.

Лаура Стојанова М-Нет