Во Штип ќе се гради втора паркинг платформа над р. Отиња

Со денес потпишаниот договор, наскоро се очекува реализирање на капитална инфестиција од страна на Општина Штип и Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион. Станува збор за  нова паркинг платформа која ќе се гради во центарот на Штип.

Истата ќе биде лоцирана по течението на река Отиња, кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, во непосредна близина на веќе постоечката паркинг платформа.

р. Отиња

-Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари, од кои половина ќе ги финансира Општина Штип, а половина Центарот за Источен плански регион – истакна градоначалникот Благој Бочварски.

Благој Бочварски, градоначалник на О.Штип

Изградбата на оваа, втора платформа, е од големо значење, бидејќи ќе се намали проблемот со паркирањето во централното градско подраче, со кој секојдневно се соочуваат штипјани.

Билјана Постолова / МНет