Во Основен суд Штип се судат само итните предмети и оние кои застаруваат

Основен суд Штуп одлучи  закажаните судски рочишта да се откажат до 24 март, со исклучок на оние рочишта по предметите, кои во смисла на член 72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од застарување на постапката, се вели во соопштението на Основен суд-Штип.

Во соопштението се наведува дека судиите ќе ги известат странките за одлагањето на предметите, а исто така ќе има и писмени соопштенија истакнати на видни места на влезот и излезот од судската зграда. Меѓу одлуките е и во просториите на штипскиот Основен суд да се влегува само со уредна покана и претходна најава и итна и оправдана потреба. Контралата и легитимирањето го вршат припадниците на судската полиција, а во соопштението се наведува дека хигиеничарките со средства за дезинфекција треба да го вршат чистењето, а вработените да ја одржуваат хигиената со особено внимание.