Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Пиринска“ во Штип, вкупно издвоени околу осум милиони денари

Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Пиринска“ во Штип. Претходно се работеше на подземната инфраструктура, промена на водоводната и канализациона мрежа, а од денеска започнаа и земјените работи. Наредните неколку дена треба да заврши асфалтирањето како и уредувањето на тротоарските површини на улицата „Пиринска“. За целосна реконструкција предвидени се осум милиони денари.

„Започнуваме со финалната фаза од реконструкција на оваа улица на кој претходно се работеше на промена на водоводната мрежа. Повеќе од 50 години е проблемот со застарената водоводна мрежа и честите дефекти. По завршување на оваа интервенција во прва фаза од страна на ЈП Исар беа потрошени нешто повеќе од два милиони денари. Веќе навлегуваме во фаза на земјени работи, тампонирање, асфалтирање и уредување на тротоарите. Предвидени се околу осум милиони денари за целосна реконструкција“ – вели Јорданов.

До крајот на годината со промена на водоводната и канализациона мрежа како и целосно асфалтирање треба да бидат завршен и краците на улицата „Пиринска“.

„Паралелно на ова, по завршување на првиот дел од улицата Пиринска, остануваат и краците кои се дел од улицата кои ќе бидат опфатени во наредна фаза. Верувам дека до крајот на годиниата и овие краци ќе бидат завршени“ – вели Јорданов.

Во меѓувреме се работи во неколку населени места, на повеќе локации во градот со цел Штип да довие модерен и современ изглед.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет