
Високите дневни температури го наполнија ординациите на матичните лекари. Наглата промена на температурите од претходната до оваа недела резултираат со проблеми врз здравјето на граѓаните. Малаксаност, варјација на крвниот притисок се најчести причини за посета на лекар. Но, овој период застапен е и стомачиниот вирус кој се појавува од разни причини.
„Се одрази врз здравјето на населението, оние кои се хронични болни, но и врз здравите пациенти. Најчесто се жалат на малаксаност, изнемоштеност, варијација на крвниот притисок. Малку е зголемен за жал и бројот на инфаркти. Како акцент ќе споменам дека е зголемен и бројот на пациенти со гадење, повраќање, болки во стомакот.“ – вели Митрова.
Лекарите советуваат да се внимава, кога станува збор за консумирање на храна, рразни овошки, сладолед, со цел да се избегне посетата кај лекар и нарушување на здравјето на пацинетите.
„Како совет е одржување и миење на храната, миење на раце и работни површини, земање на проверена храна“ – вели Митрова.
Дополнително хронично болните пациенти треба да бидат многу повеќе внимателни и редовно да ја примаат терапијата, велат лекарите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет